Петар Печков
Објавено: недела, 03 април 2011
Одбојкарите на Борец Брако со максималната победа од 3:0 (20, 18, 21) против екипата на АБА Струмица, го освоија второто место на прволигашката табела со што директно се пласираа во разигрувањето за титулата првак на Македонија.
Во дербито од последното прволигашко коло, велешани уверливи на домашен терен и ниту во еден момент не дозволија струмичани да се надеваат дека можат да освојат два сета, кои ќе им значеа останок на второто место, првото одамна го обезбеди тетовска Шкендија.
Така овие две екипи ќе бидат слободни во првата фаза од разигрувањето кога за плеј-оф ќе играат екипите од третото до шестото место.
Tweet |